Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен ноќва на патот Куманово – Свети Николе откако дрегерот покажал дека вози со 1,52 промили алкохол.
– На 30.03.2025 околу 01.00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски