Твитер станува Х? Еве што се случува кога ќе отидете на X.com!

Сподели со своите пријатели

Илон Маск вчера навести дека со ребрендирање на сината птица во буквата Х, ќе ја одведе социјалната мрежа во нов правец.

Loading...

Промената, која вчера не можеше да се види на Твитер, а која не може да се види ниту утрово, требаше да дојде по неодамнешното признание на Маск дека во споредба со претходниот период приходите од реклами се речиси преполовени.

Како резултат на тоа и големиот долг, готовинскиот тек е во минус.

„Привременото лого X ќе се појави подоцна денес“, напиша Маск во неделата на Твитер, додавајќи дека X.com ќе води до страницата на Твитер.

Промените веќе доаѓаат, па така ако одите на X.com ќе ве префрли на Твитер.