Турција се закани со офанзива, незадоволна од предлогот на САД

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи рекол дека новиот предлог на САД за создавање „безбедносна зона“ во северна Сирија не е „задоволувачко“ и предложил Турција да започне нова офанзива во Сирија ако наскоро не се постигне договор.

Loading...

Мевлут Чавушоглу тоа го изјавил откако американската и турската делегација разговарале за можна сигурна зона должт границата со Турција.

Тој рекол дека Турција и САД не се сложуваат околу големината на можнта зона и начинот на кој со неа би се управувало

Курдите кои се борат заедно со американските сили против „Исламската држава“, Турција ги смета за терористи и сака сигурната зона да биде што подалеку од нивната граница.

Неодамна Турција испрати засилување на трупите во своите погранични региони.

фото: Youtube printscreen

Leave a Reply