ТРКА ЗА 5G: Започна државна аукција на фрекфенции, почетна цена 900 милиони евра

Сподели со своите пријатели

​​Првата државна аукција на 5G опсегот ќе започне во понеделник, а почетната цена ќе биде 900 милиони евра (една милијарда долари), пренесува Ројтерс.

Loading...

Според британската агенција, учесници на аукцијата ќе бидат операторите КПН, Водафон и Т-мобиле.

Холандската влада продава фреквенциски опсези од 700, 1.400 и 2.100 мегахерци.

Учесниците на аукцијата ќе достават апликации за време на серија на дневни „кругови“ што ќе ги утврди организаторот на аукцијата.

Аукцијата мора да заврши до 1 август, но веројатно е дека ќе се случи порано, пишува Ројтерс.

Ниту една компанија нема да има дозвола да земе повеќе од 40 проценти од достапниот проток во секоја од фреквенциските опсези.

Воведувањето на 5G мрежата во Холандија заостанува зад другите европски земји, иако Водафон во април објави дека започнува да обезбедува 5G услуги преку својата 4G мрежа.

Leave a Reply