Три предмети кои привлекуваат негативна енергија во домот

Сподели со своите пријатели

Според древната кинеска вештина на живеење и уредување на просторот, позната како Фенг шуи, одредени предмети во нашиот дом привлекуваат негативна енергија и ја блокираат позитивната.

Во продолжение дознајте кои се тие предмети и задолжително отстранете ги од вашиот дом.

1. Овенато цвеќе

Со оглед на тоа дека растенијата симболизираат раст и напредок, исушеното цвеќе или растенија според Фенг шуи верувањата треба веднаш да се исфрлат од куќата. Старото и овенато преставува стагнирање и не дозволува напредок во било која насока. Затоа решете се од старите букети и изберет нов кој ќе го освежи вашиот простор.

Зошто според фенг шуи во спалната соба не треба да имате огледало?

Loading...

2. Искинати или искршени и нефункционални предмети

Искршените и нефункционални предмети со времето на негативен начин се манифестираат во вашиот живот. Многу е подобро просторот да се остави празен отколку во домот да се држат искинати работи кои не служат никому.

3. Несакани подароци

И покрај позитивните намери, многумина од нас сигурно барем еднаш во животот примиле подароци кои не ги сакале. Иако можете да го цените гестот, чувањето на несакани предмети влијае на нашиот мир и среќа. Фенг шуи експертите сметаат дека таквите порадоци би требало да ги донираме или да ги остраниме од нашиот животен простор.

Leave a Reply