Три лица во последните 24 часа се пријавени за исчезнати на различни локации низ Република Македонија, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Во СВР-Битола, М.И. (56) вчера пријавил дека на 03.07.2017 година околу 20,30 часот неговата ќерка С.И. (27) излегла од домот и рекла дека ќе оди во продавница, но до моментот на пријавување истата не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во СВР-Велес, А.Ќ. (50) како старател на нејзиниот 14- годишен внук пријавила дека на 01.07.2017 година околу 21,30 часот и се јавил на телефон и и рекол дека за кратко време ќе дошол дома, но се до моментот на пријавување истиот не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во ПС-Чаир, Г.Б. (38) пријавил дека на 03.07.2017 година околу 10,30 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Р.(27) заедно со нивните две малолетни деца на возраст од една и три години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.