Три години од животот жените минуваат во шопинг

Сподели со своите пријатели

Претставничките на „понежниот пол“ во просек минуваат три години од својот живот во продавниците, покажало истражување кое го спровела компанијата „One poll“.

Loading...

Како што заклучиле авторите на истражувањето, жените на купување облека трошат исто толку време колку и за набавка на храна.

На примерок до 2.000 жени, потврдено е дека припадничките на понежниот пол вршат 301 одење во продавниците во текот на годината, пренесува лондонски „Дејли мејл“. Женскиот шопинг трае 399 часа и  минути годишно, што значи дека секоја година претставничките на поубавиот пол во купување минуваат 16 дена.

Според пресметките на експертите од компанијата, за просечни 63 години живот, секоја жена минува две години и 10 месеци во продавниците.

– Многумина сметаат дека жените времето го минуваат во продавниците поради купување облека, вели претставникот на „One Poll“. Меѓутоа, многу често тие купуваат за целото семејство,а тоа може да биде многу тешка задача.

Купувањето облека и набавката на храна на жените им одземаат приближно исто време. Просечно 84 одења во продавница за храна во една година им одзема 94 часа и 55 минути, а 30 повеќе одења во продавници за облека, односно 100 часа и 48 минути.

Во одбрана на женскиот дел од човештвото, авторите на истражувањето заклучиле дека жените 31 час и 21 минута годишно минуваат во купување книги, а 36 часа и 21 минута за купување подароци за другите.

Извор: Дејли мел / фото: Пиксабеј

Loading...

Leave a Reply