Трамп воведе царини и за ненаселени територии

Сподели со своите пријатели

Најновите царини што ги воведе администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за увоз на стоки опфаќаат и ненаселени или речиси ненаселени територии, вклучително и области на Австралија и Норвешка.

Според списокот објавен на сметката на Белата куќа на мрежата Х, САД применувале царина од 10 отсто на стоки од островот Херд и Мекдоналд – австралиски територии лоцирани поблиску до Антарктикот, кои се целосно ненаселени, пишува Би-Би-Си.

Царини од 10 отсто беа воведени и за стоките од Свалбард и Јан Мајен, две оддалечени норвешки територии во близина на Северниот пол, кои заедно имаат околу 2.500 жители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данска му се свети на Трамп: Се вооружувa со 9 милијарди, но не од Америка, парите ќе останат во ЕУ

Не е јасно какви производи извезуваат тие територии во САД, пренесува Танјуг.