Трамп се подготвува за спектакуларен кам-бек

Сподели со своите пријатели

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп му е јасно дека доколку сака да ги испрати своите пораки до голем број луѓе, ќе мора да користи популарни платформи со голем број корисници.

Loading...

Како што пренесуваат медиумите, Трамп и неговите советници размислуваат за враќање на мрежата на Илон Маск и бараат совет за првиот твит што би го објавил по неговото големо враќање.

Откако беше исфрлен од најпопуларните и најпознатите социјални мрежи, Трамп лансираше своја платформа Truth Social.

Со неа потпишал и договор за ексклузивност, според кој сè што објавува на социјалните мрежи мора прво да биде објавено на Truth Social и само шест часа потоа истата содржина да може да ја објави на други мрежи.

Сепак, како што е познато, неговата платформа наиде на бројни предизвици, а особено загрижува тоа што самиот Трамп не ја користи толку често колку што се очекуваше.

Поранешниот американски претседател би можел да и зададе нов удар (некои го сметаат и конечен) на својата мрежа во наредните месеци бидејќи, како што пишуваат медиумите, нема намера да потпише продолжување на договорот за ексклузивноста на објавување содржини, кој истекува во јуни оваа година.

Трамп нема намера да ја обнови својата посветеност на Truth Social бидејќи наводно се подготвува за големо враќање на други платформи, пишуваат американските медиуми.

Јасно е дека неговиот досег на социјалната мрежа е многу мал и дека ако сака да ги испраќа своите пораки до повеќе Американци, но и до обожавателите ширум светот, ќе мора да користи поголеми платформи како Твитер и Фејсбук (Мета).

Loading...

Иако беше избркан од Твитер, со доаѓањето на Илон Маск во тоа друштво почнаа да дуваат нови ветришта и повторно се отвори можноста Трамп да се врати во неговата омилена мрежа.

Иако првично најави дека нема да се врати на Твитер, тој сака да ја искористи платформата како медиум за испраќање пораки до стотици милиони луѓе.

Трамп веќе разговара за враќање во мрежата на Маск со своите советници и наводно бара совет за првиот твит што би го објавил по секое потенцијално големо враќање.

Мета најави и дека наскоро ќе донесат одлука дали ќе дозволат Трамп да се врати на нивните платформи.