Трамп: Приоритет е решение на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во интервју за весникот „Pary Match“ изјави дека негов приоритет меѓу многуте кризи со кои се соочува светот денеска ќе биде „решавање на проблемот на Украина со Русија“.

Loading...

„Тие две земји трпат неверојатни човечки загуби. Стотици илјади војници се убиени“, рече Трамп во интервјуто објавено денеска во париски неделник.

Трамп изјави дека Блискиот Исток е исто така висок приоритет, но оцени дека ситуацијата таму не е толку тешка за решавање како што е случајот со Украина и Русија.

Новоизбраниот американски претседател истакна дека во моментов во светот има голем број кризи, а дека од пред неколку дена актуелна е уште една – во Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка ѝ дава на Украина 20 милијарди долари од запленети руски имоти

„Тие ќе мора да се справат сами бидејќи ние не сме вклучени таму, а не е ниту Франција“, рече тој.

Во истото интервју Трамп, меѓу другото, нагласи дека Франција е „пријател и сојузник“ на Соединетите Американски Држави, нагласувајќи ја важноста на трговијата и одбраната во односите меѓу двете земји, пренесува Танјуг.

Трамп ова интервју го даде минатиот викенд, кога престојуваше во Париз по повод отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам, а „Paris Match“ забележува дека ова е единственото интервју на кое Трамп се согласил за време на престојот во Франција.

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, долго време тврди дека, кога ќе дојде на власт, „во рок од 24 часа“ ќе го реши конфликтот меѓу Украина и Русија, кој трае речиси три години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја избра свршеницата на својот син за амбасадор во Грција