Трамп најави нови царини за Кина поради загрижувачки прилив на дрога во САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување дополнителни царини за Кина поради загрижувачките текови на дроги кои влегуваат во Соединетите Американски Држави (САД), што предизвика бурни реакции од Пекинг.

Loading...

Трамп вчера објави дека неговите предложени тарифи од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз, поради континуираниот проток на смртоносни дроги во САД од тие земји.

Тој рече дека новите царини за кинескиот увоз ќе бидат дополнување на претходно наметнатата царина од 10 отсто, која стапува на сила на 4 февруари, што резултира со вкупна царина од 20 отсто за кинески стоки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги олесни правилата за одобрување воздушни напади и специјални операции надвор од бојното поле

Во објавата на неговата платформа „Truth Social“, тој изјави дека смртоносниот опиоид фентанил продолжува да влегува во САД на многу високи и неприфатливи нивоа.

Најавите за нови царини за Кина се совпаѓаат со почетокот на годишните состаноци на кинескиот парламент, клучен политички настан на кој се очекува Пекинг да ги претстави своите главни економски приоритети за годинава.

„Постојано изјавивме дека едностраните царини ги прекршуваат правилата на Светската трговска организација и го поткопуваат мултилатералниот трговски систем“, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Тие исто така истакнаа дека Кина има една од најефикасните политики за контрола на дрогата во светот.

„САД сега повторно се закануваат со дополнителни царини. Ова однесување не е ништо повеќе од префрлање на вината и избегнување одговорност“, се вели во извештајот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Работата на УСАИД мора да се разоткрие и во Унгарија

Според Ројтерс, најавата на Трамп му остава на Пекинг помалку од една недела да објави контрамерки, имајќи предвид дека администрацијата на новиот американски претседател го зацврстува својот став кон својот стратешки ривал, и покрај тоа што ја отфрли заканата од царини од 60 отсто кога Трамп ја презеде функцијата.