Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Кина да го испита неговиот политички ривал, демократот Џозеф Бајден и неговиот син Хантер.
Loading...
Додека ја напушташе Белата куќа заминувајќи на посета на Флорида, Трамп им рече на новинарите дека верува оти Пекинг треба да ги испита Бајден и неговиот син, пренесе Ројтерс.
„И, патем, Кина треба да покрене истрага за Бајден. Бидејќи она што се случи во Кина е исто толку лошо како што се случи со Украина”, рече Трамп.
Трамп и неговиот адвокат, Руди Џулијани, го обвинија поранешниот потпретседател Бајден за неправилно помагање на неговиот син во Украина и Кина со деловни активности, но не дадоа никакви докази, соопшти агенцијата.