Трамп ја избра свршеницата на својот син за амбасадор во Грција

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на Фокс њуз и свршеница на неговиот син Доналд Трамп Помладиот, за нов американски амбасадор во Грција.

Loading...

Гилфојл е свршена со Трамп Џуниор од декември 2020 година, а Трамп на „Truth Social“ рече дека е блиска пријателка и сојузник долги години и дека е „совршено квалификувана“ да ги подобри односите меѓу САД и Грција, со фокус на тоа области како што се одбранбената соработка, трговијата и економските иновации, објави Ројтерс.

Гилфојл не е единствениот назначен на позиција што има семејни врски со Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги паузираше царините за Канада на 30 дена, се надева на договор

Во ноември, Трамп ги објави плановите да го номинира Чарлс Кушнер, таткото на неговиот зет Џаред, за амбасадор во Франција, и да го номинира Масад Боулс, свекорот на неговата помлада ќерка Тифани, за советник за Блискиот Исток.

Трамп го избра и својот долгогодишен пријател Том Барак за амбасадор во Турција.