Трамп им нуди „златни карти“ на странците: Што се тие и за што служат?

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот објави дека САД ќе почнат да продаваат „златни карти“ во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места.

Loading...

„Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на овој билет. Ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа.

„Тоа е некако како зелена карта“ за постојан престој во САД, „но на повисоко ниво на софистицираност“, рече Трамп, додавајќи дека „златната карта“ ќе им обезбеди на своите иматели пристап „кон државјанство“ на долг рок, според N1 Загреб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукање во Охајо: Две лица загинаа, едно повредено, осомничениот уапсен

Руските олигарси, од кои повеќето се под санкции на САД по руската инвазија на Украина, потенцијално ќе можат да аплицираат за програмата.

„Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, рече Трамп. „Можно е тие да се квалификуваат за програмата“, додаде тој.

Трамп рече дека новата програма за имиграција би можела да почне да функционира за околу две недели.

„Златните карти“ ќе ја заменат имиграциската програма „ЕБ-5“, која им овозможуваше на странските инвеститори со големи суми пари да отворат работни места во САД и да добијат постојан престој во таа земја.

Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник рече дека постоечката програма е склона кон измама и е „начин да се добие зелена карта по ниска цена“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петиција во Канада за одземање на државјанството на Илон Маск