Трајковска: Преголемата изложеност на екрани – пречка за детскиот развој

Сподели со своите пријатели

Во последните неколку години секојдневно сме сведоци на се поголем број на деца кои имаат потешкотии во развојот, меѓу кои најчести се говорно-јазичните проблеми, вели Симона Трајковска, специјален едукатор и рехабилитатор/дефектолог од Куманово.

Loading...

– Во логопедско-дефектошки кабинет ,,Чекор плус” каде работам како дефектолог, а воедно сум управител и основач, се повеќе ни доаѓаат деца кои имаат потешкотии во развој, проблеми во социјалната интеракција, проблем со внимание и концентрација, деца кои не зборуваат и не разбираат и наједноставни налози, како и деца со несоодветно однесување во однос на календарската возраст, појаснува Трајковска.

 

 

Според неа врз детскиот развој влијаат многу различни фактори, како што се генетската предиспозиција, личните карактеристики на детето, но исто така силен фактор врз развјот е и опкружувањето, односно околината во која детето расте и се развива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температури и до 26 степени

Како еден од поголемите проблеми Трајковска го издвојува несоодвеното и неправилното користење на технологијата и изложеноста на децата на екрани од најмала возраст.

– Можеме да забележиме дека децата дури од најмала возраст се повеќе се изложени на екрани (телефони, таблети, лап топ..), а тоа негативно влијае врз целокупниот детски развој. Кога детето е пред екран изложено е на изобилство бои, слики и тонови во многу интонации, а со тоа се привлекува вниманието на детето па дури и со часови без да покаже интерес за околината и да погледне што се случува наоколу, вели дефектологот Трајковска.

Loading...

 

 

По часови минати пред екранот, вели таа, реалниот свет на детето му е бледа фотографија која му е се помалку привлечна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец. Се однесувал агресивно кон полицајци

– Најчесто таквите децата покажуваат незаинтерсирнаост за игра и играчки а на тој начин им е ускратено учењето, поттикнувањето на когнитивниот развој, развој на моториката, потткинување на говорот. Способноста да се фокусираат да одржат внимание и концентрација при дадената активност, се многу намалени бидејќи се научени се да добиваат со ,,еден клик’’, а чести се и појава на фрустрација и агресивност при неуспех во одредана активност, појаснува кумановскиот дефектолог.

 

 

Loading...

Сепак Трајковска нагласува дека не е поборник против технологијата, оти нејзиното користење може да биде корисно со мноштво едукативни апликации. Меѓутоа апелира користењето на екраните од страна на децата да биде максимално контролирано и ограничено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела

– Користењето на екрани посебно во раното детството треба временски да се минимизира, а доколку се гледаат цртани нека бидат на мајчин јазик и во присуство на родител, пришто со детето ќе се коментира и раскажува за се што се случува. Заменете го гледањето во екрани со сликовници и читање на приказни, апелира Симона Трајковска, која е специјален едукатор и рехабилитатор/дефектолог, Монтесори воспитувач и Марте Мео практичар, управител и основач на логопедско-дефектолошки центар Чекор-плус.

Никола Ивановски