Трагедија во Казахстан: Девојче загина кога врз неа паднал споменик

Сподели со своите пријатели

Седумгодишно девојче загина откако силните ветришта урнаа споменик што падна врз дете во парк во градот Атирау, Казахстан, соопшти денеска градската полиција.

Loading...

Инцидентот се случил синоќа кога силен ветер го урна споменикот во Алејата на хероите од Големата патриотска војна во Паркот на победата, а девојчето починало од повредите во регионалната детска болница, соопшти полицијата, пренесе Интерфакс.

Истрагата за инцидентот е во тек, информираат од полицијата.