Трагедија на Алпите: Загинаа пет членови од исто семејство

Сподели со своите пријатели

Петмина од шест скијачи кои исчезнаа за време на скијачката турнеја во Швајцарија и беа пронајдени мртви се членови на исто семејство, објави денеска Ројтерс.

Loading...

По еден скијач, кој бил во истата група, но не припаѓа на ова семејство, се уште се трага.

Скијачите исчезнаа во саботата околу планината Тет Бланш (3.706 метри), која се наоѓа меѓу Зермат и Арола, во близина на планината Матерхорн, на границата меѓу Швајцарија и Италија.

Група скијачи тргнаа на крос-кантри турнеја во областа.

Телата беа пронајдени во областа Тет Бланш во неделата, соопшти полицијата.

Скијачите се на возраст од 28 до 58 години. Петмина од загинатите се членови на исто семејство од кантонот Вале, додека шестиот е скијач од кантонот Фрибург.

Полицијата не го откри идентитетот на загинатите скијачи.

Зермат е популарна планинска дестинација позната по скијањето што привлекува туристи од целиот свет.

Loading...