Дваесет и двегодишник од Куманово вчеравечер бил физички нападнат од две лица поради недоразбирање во сообраќајот.
– На 22.06.2026 во 20:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и било утврдено дека, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, две лица физички го нападнале А.М.(22) од Куманово.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

