Триесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал неговите родители.
– На 22.06.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово, се однесувал агресивно и физички ги нападнал неговите родители, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

