Венчавката би требало да биде едно од најубавите моменти во животот, но што се случува кога истото се претвори во ноќна мора, наместо во сон.
Што се случува кога не сте ниту доволно возрасни за да славите венчавка затоа што сте натерани да се мажите? За оваа осумгодишна девојка од Јемен ноќната мора се претворила во реалност кога нејзините родители ја омажиле за човек пет пати постар од неа.
Во ноќта на венчавката таа починала од внатрешно крварење кога нејзиниот сопруг ја силувал, а имала само осум години.
Оваа пракса е нормална појава во Јемен, каде повеќе од четвртина од женската популација во 2012-та година се мажат пред да наполнат 15 години.