Специјалното јавно обвинителство започнува нова истрага под името „Тортура“, објави денеска на прес конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Истрага се однесува на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и екс министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, а првоосомничен е директорот на УБК при што СЈО ќе бара мерка притвор за седум лица, а до судот ќе се предложи издавање мерка претпазливост за истите.
Извршителите не криеле туку сакале јавноста да ја види бескрупулозноста на пресметката со политичкиот противник Бошкоски – изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.