Тојота повеќе од двојно ја зголеми добивката

Сподели со своите пријатели

Јапонската Toyota повеќе од двојно ја зголеми својата добивка во првата половина од финансиската година, со што ја зголеми својата деловна прогноза за целата година.

Loading...

По шест месеци, нето-добивката застана на 2,59 милијарди јени (ЈПЈ), односно 16,2 милијарди евра, а приходот беше 21,98 милијарди ЈПЈ, односно 137,5 милијарди евра, речиси четвртина повеќе од истиот период минатата година, пренесува SEEbiz.

Производителот на автомобили очекува да генерира 24,7 милијарди евра нето добивка во фискалната година која завршува во март следната година.

Како што пренесува француската новинска агенција АФП, Тојота бележи исклучителна деловна година, најмногу благодарение на силната побарувачка во Јапонија, Северна Америка и Европа.

Производството, кое минатата година беше оптоварено со проблеми во синџирите на снабдување и голем недостиг на чипови, закрепна, додава агенцијата.

Тојота произведе рекордни 5,06 милиони возила во првата половина од годината. Речиси 5,2 милиони од нив се продадени ширум светот.

Како што објави производителот за време на објавувањето на својот полугодишен деловен извештај, ќе инвестира дополнителни 13,9 милијарди американски долари (13,1 милијарди евра) во фабриката за батерии во Северна Каролина, откако претходно се обврза да инвестира 5,9 милијарди долари (5,58 милијарди евра ).