Температурен шок – подгответе се за снег и студено време

Сподели со своите пријатели

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи, претежно од снег, кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Loading...

Во западните делови на планините над илјада метри надморска височина ќе има натамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови, а повремено засилен ветер ќе дува и во Пелагонија.

Утринската температура се движи од -3 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 0 до 6 степени.

В среда ќе има локални врнежи од снег само во претпладневните часови, а во текот на денот се очекува облачноста постепено да се намалува и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 3 до 10 степени.

Од четврток следува период на стабилно време со повеќе сонце. Утринските температури и натаму ќе бидат ниски, а дневните ќе бележат значителен пораст.

За време на Велигденскиот празник времето ќе биде сончево и релативно топло време со дневни температури од 15 до 22 Целзиусови степени.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *