Tелефоните не нè прислушуваат – она што го прават е уште полошо!

Сподели со своите пријатели

Понекогаш има премногу случајност за да биде случајно. Спомнувате одредена марка кафе во разговор, а неколку часа подоцна наидувате на реклама за него; некој ви кажува за одлична летна дестинација, следниот момент мрежите се полни со понуди од туристички агенции токму за тоа место – не е ни чудо што многумина веруваат дека телефонот тајно ги слуша.

Меѓутоа, кога експертите за сајбер безбедност анализирале повеќе од 17.000 Android апликации за да утврдат дали тие го активираат микрофонот без овластување, тие не пронашле докази за тајно снимање на разговорите.

Проблемот е и од практична природа: за континуирано испраќање аудио би биле потребни околу 130 мегабајти податоци дневно по корисник. На глобално ниво, таквите податоци и потрошувачката на батеријата би биле лесно забележливи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Децата родени по 2025 година ќе живеат без дипломи, нема да работат во канцеларии и нема да добиваат пензија

Apple, Google и Meta наведуваат дека не користат податоци за микрофонот за таргетирано рекламирање.

Дури и во случај на тужба поврзана со ненамерно активирање на системот Siri, документите покажаа дека аудио снимките не биле користени за креирање маркетинг профили или продадени на трети лица.

Вистината е, на некој начин, уште повознемирувачка: алгоритмите станаа толку добри во предвидувањето на човековото однесување што прислушувањето честопати не е ни потребно.

Современите системи за рекламирање се потпираат на огромни количини на податоци – локација, историја на пребарување, купувања, употреба на апликации и социјални мрежи.

На пример, ако поминете дел од денот со лице кое неодамна истражувало одредена туристичка дестинација, системите може да регистрираат дека вашите уреди биле на истото место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова здодевно мало гратче управува со светскиот интернет. Сè што сте пребарувале на Google е архивирано тука

Врз основа на ова, тие заклучуваат дека постои поврзаност меѓу вас и почнуваат да ви прикажуваат слични содржини и реклами.

Поради ова, често се добива впечаток дека телефонот го „слуша“ разговорот, иако се работи за заклучоци изведени од постоечки податоци.

Психолозите го поврзуваат овој ефект со феномен познат како илузија на фреквенција или Бадер-Мајнхоф феномен.

Секој ден поминуваме покрај стотици реклами кои не ги забележуваме. Меѓутоа, кога зборуваме или размислуваме за некој производ, тој станува во фокусот на нашето внимание.

Кога набргу потоа ќе се појави реклама за истиот производ, се чини како неверојатна случајност, иако можеби била таму претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија подарува бесплатна куќа и работа: Но, кој е доволно храбар да се пресели во ова село?

Компаниите кои тргуваат со податоци имаат огромно количество информации собрани преку употреба на апликации, дозволи доделени од корисниците, следење на активноста на интернет и разни аналитички алатки.

Истражувачите за безбедност дури откриле апликации кои прават скриени слики од екранот на корисниците во позадина, што е директно нарушување на приватноста и не бара никакво аудио снимање.

Заклучокот е дека технолошките компании често немаат потреба да слушаат што кажувате – тоа што го правите на вашите уреди е доволно за нив.