Апел до граѓаните за заштита од џебни кражби при зголемена фреквенција по пазарите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција и Полициската станица за општа надлежност Куманово денеска спроведоа превентивна активност насочена кон информирање на граѓаните за заштита од џебни кражби.

Во рамки на активноста, началничката на Отсекот за превенција при СВР Куманово, м-р Лиле Младеновска, упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот кога е зголемена фреквенцијата на луѓе на пазарите и другите места каде се продаваат производи за зимската сезона.

 

 

Од СВР Куманово посочуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни при движењето на Зелен пазар, пазарот во село Долно Којнаре, како и на други фреквентни места, пиљари и продажни пунктови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници изболе со нож 16-годишник од Матејче, момчето заврши на скопските клиники

– Во тек на овој период кога е зголемена фрекфенцијата и раздвижувањата по сите пазари, пиљари, пунктови на продукти за зимската сезона, да бидат внимателни и своите паричници да ги заштитат на соодветен начин, да не се носи голема количина на пари по пазарите и сите фрекфентни места, каде НН сторителите користат невнимание и вршат кривични дела џебни кражби, рече началничката Младеновска.

 

 

Во текот на превентивната активност, на граѓаните им беа поделени превентивни флаери и известувања со совети за внимание и заштита од овој вид кривични дела.

 

Никола Ивановски