ТЦ Табановце се оградува со триметарска ограда

Сподели со своите пријатели

Од утринава, во Транзитниот центар Табановце се поставуваат бетонски столбови за поставување на нова метална ограда, висока три метри.

Loading...

Оградата се поставува со тимови на Армијата на Република Македонија, со план за обновување на веќе постоечката заштитна ограда околу големите шатори, за да се спречи лица од надворешноста да имаат било каков пристап во Транзитниот центар.

Транзитниот центар кој инаку се наоѓа на железничкиот премин и граница со Република Србија во моментот згрижува близу 1400 бегалци и економски мигранти. Просторот околу центарот веќе неколку месеци е ограден со метална ограда, во услови кога во центарот транзитираа повеќе од половина милион бегалци кои се упатуваа кон државите на Европска Унија.