Танцовото студио ”Fusion” одржа годишен концерт за кумановската публика (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Во преполната сала на Младинскиот Културен Центар, членките на танцовото студио ”Fusion” одржаа годишен концерт на кој беа изведени многу точки проследени со бурни овации на публиката.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”73″]

Предводено од Сања Лазаревска, Бојана Додевска, Александра Петрушевска и Леона Стојчевска, танцовото студио покажа и го оправда своето постоење пред кумановската публика.

Основано во март 2013 година, танцовото студио со миксот на четирите различни личности, неисклучувајќи ги нивните различни гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што придонесува да се поместат границите на нивните креации и она што дава повеќе простор за растење на самото студио.

Loading...

Петочниот концерт на танцовото студио е втор концерт од отворањето на студиото до денес.