СВР Куманово го одбележа Денот на превенцијата (фото)

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го одбележа Денот на превенцијата, 9-ти декември со презентација за тоа како работи Отсекот за превенција, а воедно беше презентиран историски осврт од постоењето во 2008 година кога истиот беше формиран.

Loading...

На денешен ден во 2008 година во соработка со ОБСЕ е завршена обука на првите иснпектори за превенција, со што официјално овој отсет започнува да делува како посебна организациска единица во рамките на Секторот за внатрешни работи.

Помошникот началник во СВР Куманово, Севдаил Џафери истакна дека поради таа причина денешниот ден е прогласен за Ден на превенција во полицијата.

Денеска заедно со вас со вклучување во сите активности, заедно станавме препознатливи преку многу проекти кои имаат за цел, а тоа го покажува и статистиката, намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир, зголемување на безбедноста во сообраќајот, за сите возрасти и категории на граѓани“- вели Џафери.

12335975_10205482612090328_1993782190_n

 

Во рамките на своето постоење Отсекот за превенција организираше неколку проекти кои се насочени кон подобрување на сообраќајната култура, спречување на насилство врз деца, голем број кампањи против семејното насилство, како и активна работа за подобрување на соживтото во заедницата.