Светска програма за храна: Договорот за жито мора да се продолжи

Сподели со своите пријатели

Договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа мора да биде продолжен по секоја цена, изјави извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) Дејвид Бисли.

Loading...

„Луѓето ширум светот се во голема опасност ако не ја обновиме иницијативата за извоз на жито од пристаништата на Црното Море“, објави тој на својот Твитер профил, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Житарките од Украина хранат околу 400 милиони луѓе ширум светот. WFP успеа да достигне само 36 милиони луѓе со оваа иницијатива. Ако извозот не продолжи, ќе имаме масовна дестабилизација, миграција, глад“, предупреди Бисли, велејќи дека ситуацијата е критична и му се заканува на целиот свет.

Договорите за извоз на храна од Украина беа склучени на 22 јули за период од 120 дена и го регулираат извозот на жито од пристаништата Одеса, Черноморск и Јужни, кои се под контрола на Украина.

Ангажманот на Турција

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара е посветена на продолжување на договорот поддржан од Обединетите нации.

Русија претходно најави дека ќе се согласи да го продолжи рокот на важност на договорот доколку се земат предвид интересите на руските земјоделски производители.

Рускиот земјоделски извоз не е директно цел на западните санкции, но Москва вели дека ограничувањата на процедурите за плаќање, логистиката и осигурувањето се бариери за извозот на руски житарки и вештачки ѓубрива.

Договорот беше продолжен лани во ноември и ќе истече на 18 март годинава, доколку не се постигне договор за негово продолжување.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.