Супер храна за пролетна енергија

Сподели со своите пријатели

Пролетта ја буди целата природа, па време е и ние да го разбудиме своето тело и да му ја дадеме потребната количина на енергија.

Пролетната храна мора да биде лесна но и да содржи се што му е потребно на нашето тело. Правилниот избор ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ви даде доволно енергија и ќе ви ја исчисти кожата за да заблеска во склад со природата.
Супер храната што ќе ја наброиме би требала да се најде место на вашата маса секој ден.
Спанаќ. Полн е со минерали и витамини – железо и витамини Ц, Е и К, а доволна е само една шолја спанаќ на ден во било која форма.

Јагоди. Тие особено ќе ви помогнат во чистењето на кожата – згмечете ги и нанесете ги на лицето како маска, кожата ќе биде мека и блескава заради големата количина антиоксиданси и витамин Ц што ги содржат.

Ореви. Полни се со минерали и витамини, како и со здрави маснотии кои го јакнат имунитетот и го сножуваат нивото на лошиот холестерол. Исечкајте ги и додадете ги во житарките или во салата.

Аспарагус. Не ја пропуштајте сезоната на аспарагус заради неверојатната количина на минерали – цинк, калиум, магнезиум и железо, а освен тоа и многу влакна и витамин Б.

Млад кромид. Го регулира крвниот притисок, го јакне имунитетот и помага побрзо да се заситите поради интензивниот мирис и вкус. Комбинирајте го со мешункаст зеленчук чии протеини му даваат сигнал на мозокот дека сте сити, а влакната го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат варењето.