Решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска добија триесетина кумановци кои лично им ги врачи министерот за транпосрт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Досега над 18.000 барања биле поднесени од физички и правници лица во Куманово за легализација на дивозиградени објекти, а на ниво на државата биле издадени вкупно 200.000 решенија.
– Би сакал да апелирам до сите граѓани на нашата општина кои согласно законот ги испуштија роковите да поднесат потполни документи од почетокот на оваа година се дава можнсот да се поднесат нови барања за сите оние решенија кој поради технички недостатоци на непотполни барања поднесени, а беа одбени со решенија, можат повторно да поднесат барања за легализација, рече Димитриевски.
Во следниот период општината ќе се бори против сите дивозиградени објекти кои ќе се градат на подрачјето на Куманово.
– Општината е должна да постапува согласно позитивните законски прописи, таму каде секоја дивоградба ќе биде лоцирана и фатена во почетна фаза на градба секако ќе се излезе на терен ќе се утврди и ќе се задолжи сосптвеникот на објектот да постапи согласно законот, ние сме тука за да градиме, а не да рушиме, а позитивниот тренд на Владата и генерално во државата имаме намера да го задржиме, додаде Димитриевски.