Судан: 77 лица загинаа од почетокот на сезоната на дождови

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 70 луѓе загинаа во Судан, а околу 14.500 куќи се уништени во сезонските дождови и поплавите во таа земја, соопшти денеска висок судански функционер, пренесува АП.

Loading...

Бројот на загинати од почетокот на сезоната на дождови во мај е 77 лица, изјави за американската агенција Абдул-Џалил Абдул-Рахим, портпарол на Суданскиот национален совет за цивилна одбрана.

Најпогодени се провинциите Северен Кордофан, Џазира, Јужен Кордофан, Јужен Дарфур и реката Нил, додаде суданскиот претставник.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во понеделникот соопшти дека повеќе од 136.000 луѓе се погодени од поплавите во источен Судан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведскиот премиер: Пукањето во училиште е најлошото во историјата на земјата

Агенцијата на ОН рече дека очекува оваа бројка да се зголеми бидејќи сè уште се собираат податоците, а се предвидуваат и нови врнежи.

Сезоната на дождови во Судан обично трае до септември, а поплавите го достигнаа врвот непосредно пред тоа, според АП.