Поранешниот агент на ФСБ и руски воен блогер Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, објави, како што рече, алармантни информации од околината на Бахмут на својата Телеграма.
Loading...
Тој рече дека Украинците напредуваат и дека руските резерви итно отишле во областа северно од Бахмут.
„Алармантни информации пристигнуваат од областа северно од Бахмут, точно каде на наша страна се распоредени единиците на 3-от армиски корпус, на кои им недостигаат луѓе. Непријателот напредува во таа област, колку длабоко – не можам да кажам. Има малку информации, но таму резервите отидоа итно“, напиша Стрелков на Телеграм.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.