Страшна несреќа во Турција: Автобус се преврте, повеќе од 40 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 41 лице е повредено во Турција кога патнички автобус се преврте на автопатот Каман-Анкара во близина на Кирикале.

Несреќата се случила кога возачот ја изгубил контролата врз возилото, по што автобусот се превртел, јавува Анадолија.

Три лица се тешко повредени.

 

 

Повредените се пренесени во градските болници со брза помош.

Екипата на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарната служба, здравствената служба, жандармеријата и полицијата се на местото на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  14 лица заразени со легионерска болест во Њујорк

 

 

Гувернерот на Кирикале, Хусеин Енгин Сарибрахим, изјави дека 38 патници, двајца возачи и еден помошник се повредени.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка: 20 мртви и повеќе од 100 повредени во бунт во затвор

„Патот стана лизгав поради првиот утрински мраз. Несреќата е предизвикана од лизгавиот пат. Уште еднаш гледаме дека сите патници во нашите автобуси мора да носат безбедносни појаси“, рече Сарибрахим.

Како што изјави, возачот на автобусот е приведен.