Кумановец се заканувал на 74-годишниот татко и неговата сопруга

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и четиригодишник од Куманово ноќва пријавил во полиција дека неговиот син бил агресивен и му упатувал закани.

– На 01.08.2026 во 00:20 часот во СВР Куманово 74-годишен маж од Куманово пријави дека, претходниот ден во семејната куќа во Куманово, неговиот син Б.Н. се однесувал агресивно и упатувал закани кон него и неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  9-годишно девојче од Куманово тешко повредено откако во неа удрил „голф“