Двајца приведени по тепачка во Куманово, оштетени и две возила

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени по тепачка во кумановско Доброшане, а едно од нив оштетило и две возила на лица кои се обиделе да ги разделат.

– На 30.07.2026 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги приведоа Д.С.(29) и М.С.(25), двајцата од с.Доброшане, кумановско, затоа што, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по пресметката Д.С. со тврди предмети оштетил две патнички возила, сопственост на М.Ц.(25) и З.Ј.(61) од Куманово, кои се обиделе да ги разделат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците на Табановце запленија 64 илјади евра (ВИДЕО)

– По целосно расчистување на случајот, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски