9-годишно девојче од Куманово тешко повредено откако во неа удрил „голф“

Сподели со своите пријатели

Деветгодишно девојче од куманово се здобило со тешки телесни повреди откако во неа удрил „голф“ на патот Куманово – Скопје.

– На 31.07.2026 во 15:53 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат Куманово- Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(20), удрило во деветгодишно девојче, двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Општа болница Куманово.

– Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот

Никола Ивановски