Двегодишно дете од Куманово заврши на скопските клиники откако се затруло со средство за разредување на боја.
– На 30.07.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По укажана лекарска помош, како што додаваат од полицијата, детето било пренесено во Kомплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

