Странска новинарка откри 30 мигранти сместени во една соба во с. Ваксинце (видео)

Сподели со своите пријатели

На фан страната на Куманова Сот на социјалната мрежа Фејсбук, денес беше објавено видео запис од с. Ваксинце, во кое од страна на странска новинарка е прикажана куќа во која се сместени повеќе од 30 имигранти од Блискиот Исток.

Loading...

Новинарката, приоѓајќи до куќата, воочува дека прозорите се излепени со црн најлон, со претпоставка дека внатре се кријат мигранти кои се под контрола на извесен Али Баба како што претходно било најавено од нејзини извори.

Во обид да снимаат, новинарската екипа е спречена во намерите, со оправдување дека не е дозволено да се влезе внатре. Мигрантите се пронајдени според координати на ГПРС.

Селата Ваксинце и Лојане се места во кои мигрантите се шетаат слободно, а граничниот премин кон Србија е најчесто користен за трансфер на мигрантите во трети држави.