Странска фирма сакала да инвестира 60 милиони евра во Аџи Тепе

Сподели со своите пријатели

Израелско-турска компанија била заинтересирана да инвестира 60 милиони евра во спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово.

Loading...

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, на една од последните седници на Советот, компанијата пуштила писмо со намери за инвестиција.

 

 

Целта била да изградат современ центар за обука за цивилни пилоти, а тука општината сфатила дека тој стратешки објект е всушност ничија земја.

– Влеговме во постапка направивме елаборати ги впишавме аеродромот и објектите на Република Македонија. Од тука побаравме од Владата да ни го додели просторот за да можеме во понатамошна постапка да го ставиме на наддавање, зошто да немаме приходи, таму нема ништо сега, се користи за некои спортски натпревари два пати во годината или за тренинг на спортски пилоти, рече Димитриевски.

Намерата да се даде на јавно наддавање овој објект за да може странската компанија да инвестира не успеала, оти како што вели Димитриевски, Министерството за внатрешни работи не ја дало пистата.

Loading...

– И наместо да ги бркаме таквите инвеститори, што ни се случува, добиваме одлука од Влада ни ги доделуваат објектите и во моментот кога треба да се додели пистата, ми доаѓа во кабинет одговор од МВР потпишан од министерот каде што вели негативно мислење, не може да се додели пистата на општината, затоа што МВР има потреби од аеродромот кога гаси пожари од летниот период да полни вода од аеродромот, рече кумановскиот градоначалник.

 

 

Според Димитриевски, тоа е пропуштена можност, оти компанијата ќе обучувала тука до 300 пилоти годишно.

Тоа е смешно, перфидно и некорекно кон сопствените граѓани, а можеме до сега да имаме инвестиција на странски инвеститор на таа локација и Куманово да имаше странски центар за обука на пилоти. Замислете да имате на месечна основа најмалку 30 до 50 пилоти кои ќе се обучуваат во вашиот град, или годишно 300 до 500, тоа ни државата не успеа да го реализира не Петровец, рече тој.

Димитриевски рече дека наместо поддршка, од централно ниво, доаѓаат опструкции.

Тој го посочи примерот со ЛИДЛ како успешна приказна, која инкасира пари во општинската каса, а дополнително и во локалните компании, оти една од нив веќе била ангажирана за изградбата на огромниот дистрибутивен центар на ЛИДЛ.

Loading...

Никола Ивановски