Делови од Куманово утре во текот на денот привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, утре во период од 08:00 до 13:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Егејска Македонија“, „Живко Чало“ и „Иго Тричковиќ“.
Во период од 10:25 до 12:00 часот утре без струја ќе останат селата Биљановце, Бабин Дол, м.в. Краста, Пчиња, Студена Бара, Винце и Вакв.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

