Стојчевски: Стипендии од 500 евра за најдобрите студенти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стипендии од 500 евра и вработување на 200 најдобри студенти во научните институции низ државата, најави денеска носителот на листата кандидати за пратеници од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски.

Loading...

Како што рече тој на денешната прес конференција, состојбата со образованието во Македонија не е добра и мора да се менува.

– Поради неспособноста на претходните власти училишните објекти и условите во нив се лоши. Платите на вработените во образовниот систем се ниски, а учениците не поседуваат ни елементарни наставни средства за учење. Наставните учебни програми постојано неплански се менуваат и училиштата не се во можност целосно да ги реализираат. Сведоци сме дека поради партиско-тендерски интереси учениците немаат ни книги од кои ќе можат да учат. Ние од Движење ЗНАМ – За наша Македонија цениме дека современото образование и напредниот образовен процес имаат потреа од нови вештини и додатни знаења, усвоени вредности за социјална рамноправност, инклузија и достапност на образованието до сите, изјави Стојчевски.

 

 

Тој денеска презентираше неколку мерки предвидени во нивната програма „Проглас за достоинствена Македонија“.

– За најдобрите студенти стипендии во износ од 500 евра месечно. Обезбедено вработување на најдобрите 200 студенти во научните институции на системот. Наставни програми и планови во согласност со модерните технологии и достигнувања, образование прилагодено на потребите на општеството и економијата. Образовниот процес кој потикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците. Образовен процес кој поттикнува креативност на младите за создавање сопствен бизнис и финансиска едукација. Воспитно образовен систем кој допринесува во градење на морални, чесни и одговорни личности, рече Стојчевски.

Loading...

Кадарот во образованието, вели тој, треба да се избира од редот на најдобрите студенти, а платите на учителите, наставниците да се меѓу највисоки.

– Зајакнување на критериуми за отварање на приватни универзитети, доделување на стимулативни грантови за најсупешните научници. Ќе направиме се, сите учители да имаат достоинствен статус, бидејќи тие се столбот на општеството. Без мотивирани и задоволни учители нема ни чесни, одговорни и функционално писмени ученици. Затоа ве повикуваме да излезете на 8ми мај, да ја дадете поддршката за број 7, За наша Македонија, за подобра иднина на следните генерации, потенцираше Стојчевски.

Никола Ивановски