СРУШЕН РЕКОРД: Измерена најниската температура во светот

Сподели со своите пријатели

Научниците во вторник објавиле дека забележале најниска температура на Земјата некогаш измерена, јавува Анадолу агенцијата.

Користејќи сателитски податоци, истражувачите откриле дека во низата на долината во ледениот појас на источниот дел од Антарктикот достигната е температура од минус 98 степени целзиусови.

Русите откриле дека Антарктикот не е она што ни го претставуваа досега

Loading...

Научниците, кои своите истражувања ги објавиле во списанието „Geophysical Research Letters“, велат дека оваа температура веројатно е најниската можна на Земјата.

– Во оваа област гледаме периоди на неверојатно сув воздух, што овозможува на топлината од снегот поелсно да заминува во вселената, рекол лидерот на истражувањето Тед Скамбос од Националниот центар заподатоци за снег и мраз од Универзитетот Колорадо –  Боулдер.

Бидејќи е невозможно да се иснталира метеоролошка станица на тоа подарчје, Скамбос и неговиот тим погледнале сателитски податоци од 2003. до 2016. година за да видат колку е студено во тоа подрачје.

Иако Антарктикот е една од најстудените локации на планетата, изгледа дека некои делови се загреваат.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

 

Друга група научници објавила дека откриле активен вулкан под замрзнатите брегови на Антарктикот.

Вулканот не е видлив, а научниците сфатиле дека постои, затоа што го мереле високото ниво на вулкански гасови во блиската морска вода.

Џиновска дупка на Антарктикот, научниците бараат објаснување (видео)

Меѓународен тим на истражувачи изјавил дека вулканот помага во топењетона Пина Исланд, глечер на западниот дел на антарктичкиот континент. Научниците исто така анвеле дека глобалното затоплување е главниот фактор, но дека вулканот доведува до уште понестабилни ситуации.

– Климатските промени предизвикуваат најголем дел од топењето на глечерите кое го набљудуваме, а овој новооткриен извор на топлина има уште неутврден ефект, затоа што не знаеме како оваа топлина се дистрибуира под ледениот појас, рекол лидерот на истражувањето Брис Лосе од Универзитетот Роуд Ајленд.

Leave a Reply