Во текот на вчерашниот ден во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Република Македонија е приведено лице барано по потерница од Интерпол.
Loading...
При извршена проверка од страна на полициските службеници констатирано било дека С.Ќ. (37) од Белград, Република Србија, се бара со меѓународна потерница од Интерпол Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Истиот е приведен и во 13,00 часот со Потврда за предавање на лице е предаден на полициски службеници од СВР-Куманово и задржан во ПС-Куманово за понатамошна постапка.