Средношколскиот Пленум најавува радикализација на бојкотот

Сподели со своите пријатели

По најавата на МОН за матурските испити и спроведување на екстерното тестирање, Средношколскиот Пленум најави продолжување и радикализација на бојкотот на наставата во училиштата и во шаторите пред Министерството за образование. Како што најави Средношколскиот Пленум, до крајот на неделава се очекува, средношколците повторно да излезат на протести.

Loading...

“Од утре се планира радикализација, која се состои од Средношколски, Студенски, Родителски Пленум и од сите загрижени граѓани за реформите во средното образование. Се состои од тоа што ќе има собири пред Министерството за Образование и Наука во период од 17:00 до 18:30 часот. Оттука ги повикуваме сите совесни граѓани кои нè поддржуваат да се приклучат на овие собири кои ќе почнат од 06.05.2015 (среда) и ќе траат сè до остварување на нашите барања.” истакнаа средношколците на Фејсбук страницата на Средношколски пленум.

Надлежните од друга страна,  апелираат учениците да се вратат во училиштата бидејќи веќе нема да има преговори. Според нив најважно е деновиве средношколците да се пријават за полагање на матурскиот испит кој ќе се полага од 11-ти до 19 ти јуни.

Leave a Reply