Србите во Куманово ќе ја одбележат годишнината од НАТО агресијата

Сподели со своите пријатели

Српската заедница во Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија во петок ќе одбележат 24 години од НАТО бомбардирањето врз Сојузна Република Југославија.

Loading...

– Почитувани по повод годишнина од Нато агресијата на СР Југославија, Српската заеднца од Куманово и Демократска партија на Србите во Македонија ќе организира помен за паднатите жртви. Поменот ќе се одржи во црквата „Св.Тројца“ во Куманово со почеток од 10:00, стои во поканата на срспката заедница.

Инаку НАТО бомбардирањето на СР Југославија траеше од 24 март фо 10 јуни 1999 година под кодното име „Сојузничка сила“, кога САД, Канада, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Турција и Белгија ги гранатираа Србија и Косово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четири крадци во Куманово

Бројот на цивилни жртви зинесуваше од 500 до 1.200 лица.