Кумановецот Дарко Спејко е познат по многу нешта, а наскоро ќе го видиме и во улогата на пејач.
https://www.instagram.com/p/CETr578DNse/
Инфлуенсерот и модел освен што овој период е доста активен на функцијата спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово, не мирува кога е во прашање музиката.
https://www.instagram.com/p/CFCUNfWjosz/
Музичките настапи и естрадата не му се непознати, со оглед дека постојано може да се види во друштво на Тајзи и Раста, во чии спотови веќе се има појавено.
https://www.instagram.com/p/ByxxPFhD9RV/
Спејко деновиве преку социјалните мрежи соопшти дека ја започнува својата музичка кариера, а веќе снима спот со својот деби сингл „Caliente“ кој ќе можеме да го слушнеме наскоро.
https://www.instagram.com/p/CEeTtxDD6VX/
Режисер на спотот е Дари Јанковиќ, а во видеото ќе се појават моделите и манекенки Ана Брзанова и Јања Станојевиќ, а главната улога ќе ја има мисицата Анѓела Јакимовска.
https://www.instagram.com/p/CGfrKFinB3L/?utm_source=ig_embed