Деведесет проценти реализација на програмата на Советот на Општина Куманово беше остварена во текот на изминатата година, со 19 одржани седници и разгледани 380 точки на дневниот ред, според досегашната статистика.
Од сите одржани седници во текот на 2015 година, едната е свечена која се одржа по повод Денот на градот, три вонредни и 15 редовни седници според програмата за работа.
Од вкупно планирани 106 точки на дневен ред беа разгледани 67. Слична програма е пресликана во 2016 година и Советот ќе работи во рамките на своите овластувања, што значи надзор на работењето на Јавните претпријатија, надзор на работата на градоначалникот, онаа штоа значи годишен буџет и програма за развој на општина Куманово и сите останати надлежности – вели претседателот на Советот, Максим Димитриевски.
Бројот на предвидени седници не е фиксен за 2016, но Димитриевски се надева дека ќе се одржат најмалку дваесетина со што според кумановскиот Совет е меѓу најдобрите во однос на своето работење во Република Македонија.
Инаку советниците на денешната седница го изгласаа извештајот за работата на Советот на Општина Куманово во 2015 година, како и програмата за работа во текот на 2016-та.