Советот на Општина Куманово утре ќе разгледува 19 точки

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи редовната 25. седница која од 10 часот ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет.

Loading...

На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно 19 точки, меѓу кои извештаи на неколку јавни претпријатија и општински установи, програмата за спорт, социјална инклузија на Ромите, и неколку урбанистички точки и избор на членови на неколку комисии.

Во продолжение целосниот дневен ред:

1. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2023 година;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;

3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување на Ценовникот за користење на услугите на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

4. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2024 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

5. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;

Loading...

6. Предлог – Одлука за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ – Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број 18/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлука бр. 09-9525/41 од 28.12.2021 година;

7. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ – Општина Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!

8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;

9. Стратегија за социјална инклузија на Ромите на Општина Куманово за периодот 2023 – 2030;

10. Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомни кучиња на подрачјето на Општина Куманово за период 2023 – 2025 година;

11. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;

12. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

13. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

14. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;

15. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;

16. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;

17. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Куманово;

18. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;

19. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски