Четириесет и деветгодишен мотоциклист од Куманово го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во населбата Средорек.
– На 29.06.2026 во 12:46 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Доне Божинов” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат”, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл управуван од 49-годишник, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал Д.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Од полицијата додаваат дека увидот е во тек.
Никола Ивановски

